24фудбал

Анчелоти има право да се лути, Наполи објави каква е состојбата во соблекувалните на „Сан Паоло“ (ВИДЕО)

Искусниот италијански фудбалски стратег не се штедеше во критиките до градските власти, а сега од Наполи се одзваа и со видео снимки за јавноста да увиди на дело каква е состојбата во соблекувалните на стадионот.

Италија

По соопштението во јавноста кое беше објавено во текот на вчерашниот ден, во кое шефот на стручниот штаб на Наполи, Карло Анчелоти видно револтирано реагираше на состојбата во која се наоѓаат соблекувалните на „Сан Паоло“, клубот сега излезе и со видео за целокупната слика.

Снимката потврди дека соблекувалните кои се во фаза на реконструкција се далеку од готови, а сево ова доаѓа во пресрет на саботната пресметка со Сампдорија во Серија А, како и дуелот против Ливерпул идниот вторник во Лигата на шампионите, и двата меча на домашен терен.