24фудбал

Еден се врати, друг се повреди: Зидан сега остана без Лука Модриќ

Реал Мадрид попладнево соопшти дека Лука Модриќ по настапите за Хрватска пристигнал со повреда, фудбалерот од средниот ред има проблеми со препоните.

Шпанија

По двете кола во квалификациите за ЕВРО 2020, фудбалерите им се враќаат на клупските обврски. Овој викенд имаат настап во домашните првенства, а во вторник и среда следната недела започнува и ноата сезона од Лигата на шампионите а во четврток стартува групната фаза од Лига Европа.

Паузата за репрезентативен настап беше добредојдена за оние играчи кои влечеа ситни повреди, особено за Реал Мадрид, каде долга е листата на фудбалерите кои добиваа третман.

Еден Азар и Хамес Родригез тренираа без проблеми, а се испостави дека и повредата на Лука Јовиќ не е сериозна, но мораше да има и лоша вест за Зинедин Зидан.

Реал Мадрид попладнево соопшти дека Лука Модриќ од настапот со Хрватска пристигнал повреден. „Кралевите“ само пренесоа дека се работи за повреда на препоните која ќе биде мониторирана во следниот период, и не открија детали колку таа е сериозна и колку време фудбалерот од средниот ред ќе биде надвор од стројот.

Според шпекулациите на медиумите, актуелниот освојувач на „Златната топка“ сигурно нема да игра против Леванте и ПСЖ, и најверојатно ќе биде надвор од стројот помеѓу две и три недели.