24фудбал

Првиот човек на Реал: Има еден Французин кој ни е по мерак и ќе се обидеме да го ангажираме

Флорентино Перез на партнерите им порача дека има еден француски фудбалер кој е по мерак и кој ќе се обидат да го антажираат, но првиот човек на Реал Мадрид не говореше за Пол Погба тука за Килијан Мбапе.

Шпанија

Првиот човек на Реал одново имаше средби со партнерите во пресрет на Генералното собрание и тема на разговор беше настапот на трансфер пазарот.

При намерата да ги оправда неуспешните обиди за ангажман на Пол Погба, Флорентино Перез откри дека изминативе години бил правен напор да се ангажира Роберт Левандовски.

„Има играчи кои едноставно не можат да се купат. Се обидовме да го донесеме Роберт Левандовски во неколку наврати, но ништо не се случи бидејќи нема откупна клаузула во неговиот договор и Баерн Минхен одби да го продаде. Едностанво нема начин. Истото се случи и со Пол Погба ова лето. Кога одредени играчи се на трансфер пазарот, тоа е друга приказна и секако дека ќе тргнеме по нив“ – вели Флорентино Перез.

Претседателот потоа беше запрашан за ангажман на Килијан Мбапе од ПСЖ, а Флорентино Перез меѓу редови најави дека ќе се обиде да го донесе напаѓачот.

„Очигледно е дека има еден Французин кој ни е по мерак и ќе се обидеме да го ангажираме...“