24фудбал

Де Лаурентис за поплаките од Анчелоти: Го слушам тоа веќе 15 години...

Бурна беше реакцијата на Анчелоти во поглед на состојбата во која се најдоа соблекувалните на „Сан Паоло“, и тоа во пресрет на два меча пред домашна публика, од кои едниот во Лигата на шампионите.

Италија

Првиот човек на италијанскиот вицепрвак Наполи, Аурелио Де Лаурентис признава дека не е изненаден од револтот кај шефот на стручниот штаб на таа екипа, Карло Анчелоти, во поглед на состојбата во која се најдоа соблекувалните на „Сан Паоло“.

Анчелоти обвини дека соблекувалните на арената во Неапол наликуваат на градежна зона, а сево ова доаѓа пред домашната пресметка со Сампдорија утре во Серија А, како и дуелот со Ливерпул исто така на домашен терен, во вторник во рамките на Лигата на шампионите.

Нема ништо контроверзно во неговите изјави, но, јас ги слушам тие поплаки веќе 15 години“ рече Де Лаурентис во изјава за „Скај Спорт Италија“, а што се однесува пак до главното во темата, од Наполи вчера објавија видео за тоа каква е состојбата во соблекувалната, а истата не е баш за пофалба.

Анчелоти има право да се лути, Наполи објави каква е состојбата во соблекувалните на „Сан Паоло“ (ВИДЕО)

Ние секогаш сме се грижеле за нашиот стадион да ги исполнува сите критериуми, сешто било потребно сме го овозможиле, доколку е до мене, јас би ги реновирал соблекувалните во две седмици, но, работата не зависи од мене“ додаде Де Лаурентис.