24фудбал

Руни: Доколку го имавме Гвардиола, со таков состав ќе освоевме се’ што е можно

Поранешниот долгогодишен член на „Црвените ѓаволи“ смета дека на неговата „златна“ генерација му недостасувал еден тренер со капацитет на Пеп Гвардиола, со него, тој вели дека би освоиле се' што е можно.

Останато

Вејн Руни тврди дека во случај Пеп Гвардиола да бил селектор на Англија во периодот на неговата „златна“ генерација, „Гордиот Албион“ би забележал големи успеси.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед инсистира на тоа дека составот од неговата генерација пред една декада бил најдобриот во светот во тој период.

Да погледнеме на нашиот тим пред десетина години, веројатно го имавме најдобриот состав во светот на фудбалот“ вели Руни.

Рио Фердинанд, Џон Тери, Ешли Кол, Стивен Џерард, Пол Сколс, Франк Лампард, Дејвид Бекам, Мајкл Овен, јас...“ додаде тој.

Доколку го имавме Гвардиола, со една таква група на фудбалери, ние би освоиле се што можеше да се освои, не се сомневам воопшто во тоа“ заклучи Руни.

Руни учествуваше во шест елиминациони рунди во главни натпреварувања, каде Англија никогаш не успеа да прогресира до четвртфиналето.