24фудбал

Мурињо: Тоа што ми рекоа да го сторам во Реал Мадрид…

Португалскиот фудбалски стратег се присетува на периодот поминат на клупата на Реал Мадрид, период за кој вели дека е најдобриот во неговата кариера, меѓу другото, тој се осврна и на тоа како големиот ривал Барселона ги уништувал „Кралевите“.

Шпанија

Жозе Мурињо вели дека периодот минат на клупата на Реал Мадрид е најдоброто искуство досега во неговата кариера, јасни се методите на работа на португалскиот стратег кој воедно обелодени што било побарано од него.

Во 2010. година, 56 годишниот Португалец си замина од Интер откако ја освои Серија А, Копа Италија и Лигата на шампионите со таа екипа, се пресели во шпанската престолнина, каде помина три сезони.

Во тој период, Мурињо ја освои Примера, Копа дел Реј, како и Суперкупот на Шпанија, со тоа на некој начин се обиде да ја сопре тогаш неверојатната Барселона, а воедно успеа во тоа до одредена мера.

Реал Мадрид беше моето најдобро искуство најмногу поради тоа што го научив како тренер, како човек, од лекциите кои ги имав во мојата кариера и животот“ изјави Мурињо во изјава за португалската телевизија „11“.

Стилот на игра кој го негуваше Мурињо беше доста поинаков од оној на Пеп Гвардиола со Барселона во тој период, „Кралевите“ беа агресивни, ја гледаа својата шанса преку контра напади, а играа и високо во дефанзивната линија, понекогаш дури ги користеа Пепе или Серхио Рамос во средината.

Тоа што побараа од мене да го сторам во Реал Мадрид, ја погоди мојата природа, тие ми рекоа дека на спротивната страна го имаме најдобриот тим во светот, тие не „кршат“ нас, а ние мораме да ја стабилизираме ситуацијата“ додава Мурињо.

Титулата од Копа дел Реј е посебно значајна според Мурињо, се работи за сезоната 2010/11, каде во финалето славеа минимално над големиот ривал Барселона по продолженија, а тоа воедно бил првиот чекор кој ги натерал „Кралевите“ да веруваат дека полека но сигурно се руши доминацијата на Барселона.

Ние моравме да ја стабилизираме ситуацијата во поглед на тоа што Барселона не уништуваше нас, веројатно финалето од Копа дел Реј е најважниот трофеј што го освоивме ако гледаме од тој аспект“ објаснува Мурињо.

Од тогаш, ништо не беше исто, ја освоивме Примера, Суперкупот, но, ништо не беше исто како финалето во Копа дел Реј“ заклучи Португалецот во интервјуто.