24фудбал

Кулибали ги повика властите во Италија за борба против расизмот, ја наведе Англија како пример

Темата околу борбата со расизмот во Италија зема замав по немилите сцени на мечот помеѓу Каљари и Интер каде со расистички навреди нападнат беше Ромелу Лукаку, од тогаш, повторно се актуелизира тоа прашање.

Италија

Еден од најдобрите дефанзивци во светот во моментов, членот на Наполи, Калидуи Кулибали смета дека црномурестите фудбалери во Италија ризикуваат да станат затвореници на малцинство се дури Италија не почне со сериозни мерки кон навивачите-расисти.

Кулибали беше често на мета во Италија, особено кај навивачите на Лацио и Интер во претходните неколку сезони, а Сенегалецот верува дека дојдено е време властите во Италија да преземат сериозни мерки по тоа прашање, ја наведе Англија како одличен пример.

Зошто ние не можеме да чекаме... “ започна Кулибали во интервјуто за „Кориере дело Спорт“, цитирајќи зборови на Мартин Лутер Кинг.

За жал таа фраза се уште постои и треба да се употребува, дури и во фудбалот, посебно во италијанскиот. Израснав читајќи го Мартин Лутер Кинг и Малком, ги гледав како добар пример во животот, ментори и учители, симболи на едно време со промени“ додава Сенегалецот.

Расизмот на стадионите мора да престане, мора да се добие таа битка, меѓутоа, за да успееме, најпрво треба властите да се ангажираат, да се воведат мерки како оние во Англија, дури и општо во обичниот живот, доколку не се случи тоа, ние ризикуваме да станеме заробеници на малцинство, кое може да се зголеми по број во периодот кој претстои“ издвои Кулибали.