24фудбал

Конфузија во Тотнем: Покетино, Трипје и новиот мобилен број

Времето ќе покаже колку Тотнем донесе исправна одлука на таков лесен начин да се ослободи од еден од најдобрите бекови во Премиерлигата, ситуацијата во целост ја искористи Атлетико Мадрид.

Англија

Шефот на стручниот штаб на европскиот вицепрвак Тотнем, Маурицио Покетино се одзва по коментарите на Кјеран Трипје по повод неговото заминување од редовите на Премиерлигашот, по што ова лето направи трансфер во Атлетико Мадрид.

За многумина чудна беше одлуката на Тотнем да се ослободи од квалитетниот десен бек кој тврди дека сакал да остане во клубот, Трипје имаше свои моменти во дресот на Премиерлигашот, важеше за прв изведувач на прекините, а си замина за само 20 милиони евра, Атлетико Мадрид веројатно нема зошто да жали за тој трансфер.

Тоа беше разочарувачки за мене, сторив сешто можев за клубот и сакав да останам, имав уште неколку години од договорот, но, сесе случува со причина. Тотнем се ослободи од мене во погрешен момент, но, јас страдав со повредите, можев да се вратам целосно подготвен, но тие донесоа таква одлука, сега сум во Атлетико“ изјави Трипје за време на интернационалната пауза.

Покетино возврати на коментарите на Трипје, тоа аргентинскиот фудбалски стратег го стори за време на пресконференцијата во пресрет на саботниот дуел во Премиерлигата на домашен терен против Кристал Палас.

Во средата, кога се врати Хари Кејн ме запраша дали сум ја добил пораката од Кјеран, јас му одговорив негативно, а можеби причината е поради тоа што имам нов број на телефонот“ рече Покетино.

Тој верува дека неговите зборови биле погрешно протолкувани, не знам ништо повеќе од ова, тој ми ја препрати пораката преку Хари Кејн, сакаше да ми каже, меѓутоа немам никакви проблеми со Кјеран“ додаде Покетино.