24фудбал

Сари: Мајка ми не беше многу среќна кога дојдов во Јувентус...

Искусниот италијански фудбалски стратег вели дека е единствениот навивач на Наполи во неговото семејство, тој не крие дека истото важи како еден вид на група верни поддржувачи на Фиорентина, долгогодишниот лут ривал на „Старата дама“.

Италија

Маурицио Сари вели дека неговата мајка, која инаку е голем поддржувач на Фиорентина, не била среќна откако тој го презеде кормилото на лутиот ривал Јувентус, додавајќи дека тој е единствениот навивач на Наполи во семејството.

Италијанскиот првак овој викенд гостува на „Артемио Франки“ кај Фиорентина, а за време на пресконференцијата во пресрет на дуелот од Серија А, Сари беше запрашан за шпекулациите кои велат дека неговата мајка му се заканила дека нема да разговара повеќе со него доколку ја прифати работата во Јувентус.

Таа не беше многу среќна, но, да го оставиме тоа настрана...“ рече Сари.

Мојата баба живееше на само 500 метри од стадионот, па така моето семејство беше во целост една група големи навивачи на Фиорентина, за разлика од мене, јас го поддржував Наполи“ додаде шефот на стручниот штаб на „Старата дама“.

Имам многу сеќавања од овој стадион, меѓутоа, единствено нешто што најмногу се сеќавам е дека тука го загубив Скудетото, ќе морам тоа да го заменам со некои позитивни сеќавања“ заклучи Сари.

Сари инаку е роден во Неапол, каде неговиот татко работел во тоа време, меѓутоа се преселил во Фиренца на млади години, пасијата кон Наполи веднаш започнала кај него да се развива.

Како за потсетување, Сари беше близу до освојување на Скудетото со Наполи во 2018. година, меѓутоа големиот и убедлив пораз од Фиорентина на „Артемио Франки“ со 3-0, значеше Јувентус да продолжи со доминацијата во италијанскиот фудбал.

Веднаш по тој пораз следеше и нов кикс на домашен терен, реми (2-2) против Торино, а Јувентус заврши на првото место две кола подоцна со четири бода предност.