24фудбал

Проблеми за Арсенал, Лаказет ќе отсуствува неколку седмици

Во наредниот период најголемиот товар во нападот на „Топчиите“ ќе падне врз Обамејанг, кој веројатно поддршка ќе има од летното засилување Пепе кој полека но сигурно се адаптира на фудбалот на Островот.

Англија

Арсенал се соочува со големи проблеми во нападот откако се утврди дека Александре Лаказет ќе мора на рехабилитација која ќе трае неколку седмици, од клубот потврдија дека Французинот мака мачел со повредата, а воедно играл и со таков статус.

Откако беа извршени детални медицински прегледи, утврдивме дека Алекс ќе мора да мирува за целосно подготвен да се врати во продолжението од сезоната. Алекс играше со повреда веќе неколку седмици, веројатно е дека ќе се врати во Октомври“ се вели во соопштението на Арсенал.

Напаѓачот најпрво се пожали на болка во глуждот за време на мечот против неговиот поранешен клуб Лион во претсезонските подготовки, поточно на „Емирејтс“ купот, од тогаш па наваму, шефот на стручниот штаб на Арсенал, Унаи Емери ја карактеризираше повредата како не толку сериозна.

Лаказет играше седо 67. минута од градското дерби против Тотнем (2-2) во претходното коло од Премиерлигата, тој и тогаш се пожали на повреда, меѓутоа подоцна беше утврден грч, но, сега нема дилеми во тоа дека Французинот ќе мора да паузира. 

Доколку се остварат најавите на Островот, Лаказет ќе ги пропушти дуелите со Ватфорд, Астон Вила, Манчестер јунајтед и Борнмут во Премиерлигата, а ќе отсуствува и против Ајнтрахт Франкфурт и Стандард во Лига Европа.