24фудбал

Де Хеа ставил потпис на нов договор, ќе биде најплатен во Манчестер јунајтед

Од „островото“ пристигнува информација дека Давид Де Хеа ставил потпис на четиригодишен договор со Манчестер јунајтед и ќе биди најплатен на Олд Трафорд со 15 милиони евра нето по сезона.

Англија

За иднината на Шпанецот се пишува долго, тој е обврзан кон „ѓаволите“ до 30. јуни 2019, веќе во јануари може да потпише пред договор со друг клуб, но Манчестер јунајтед сака да го задржи и двете страни се во преговори.

Кога Манчестер јунајтед беше на турнеја во Австралија на стартот од подготовките за новата сезона, речиси сите медиуми од „островото“ пренесоа дека конечно паднал дил за нов договор на голманот. Се говореше дека официјално соопштение ќе пристигне по враќањето во Манчестер, но се уште нема никаков абер.

Според денешното издание на Дејли Рекорд, Давид Де Хеа ставил потпис на четиригодишен договор со опција за уште додатни 12 месеци според кој ќе биде најплатен на Олд Трафорд со 15 милиони евра нето по сезона.

За иднината на Шпанецот синоќа говореше и Оле Гунар Солшер кој изрази надеж дека наскоро ќе пристигнат добри вести.

„Прилично сум убеден дека ќе пронајдеме заеднички јазик. Давид никогаш не ми кажал нешто друго освен дека го обожава овој клуб и дека сака да остане. Се надевам дека ситуацијата наскоро ќе се реши“ - вели Норвежанецот.