24фудбал

Контроверзен гол го спречи Волфзбург од испишување историја, топката беше надвор или внатре? (ФОТО)

Фортуна Дизелдорф и Волфзбург одиграа 1-1 на отварањето на новото коло од Бундеслигата, домаќините поведоа со контроверзен гол кој предизвика голема дебата.

Германија

„Волците“ синоќа можеа привремено да се искачат на врвот на табелата и да го забележат најдобриот старт во својата историја со победа на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф, но одиграа само 1-1.

Гостите има за што да жалат откако пропуштија неколку добри шанси, а и голот со кој домаќините поведоа беше прилично контроверзен. Проблематичен е еден момент од зачетокот на акцијата, кога се чини дека топката излезе во аут, но помошникот не реагираше. Откако беше постигнат гол, и ВАР ја резгледуваше ситуацијата но видео технологијата не го поништи погодокот.

На социјалните мрежи има голема дебата, од одреден агол се чини дека е јасно дека топката е во аут и нејасно е како судиите дозволија на семафорот да стои 1-0. Но има и постови кои покажуваат како аголот на камерата не ја дава вистинската слика, и ситуацијата е една кога се гледа од страна а сосема друга кога се гледа од горе. Аут е само кога топката со цел обем е надвор, и доколку барем еден милиметар зафаќа од линијата, таа е внатре.