24фудбал

Рајола ќе грабне уште една „златна кокошка“, Заха сака да ја напушти менаџерската компанија која го застапува

Заха е под договор со Кристал Палас до 2023. година, тој стави јасно дознаење дека сака нов предизвик, но, тоа не се случи, за неуспехот на тоа поле прстот се вперува кон менаџерската компанија која го претставува.

Англија

Контроверзниот агент Мино Рајола е еден од неколкуте кои се распрашува за офанзивецот на Кристал Палас, Вилфред Заха, кој наводно сака да ја прекине соработката со менаџерската компанија „УСМ“, како резултат на нивните неуспешни обиди да обезбедат трансфер на 26 годишниот фудбалер во веќе изминатиот летен преоден рок.

Со клиенти на својот список како Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ и останатите ѕвезди, Рајола има импресивни резултати зад своето име со мега трансфери, па веројатно е дека со Заха ќе дојде до некаква „рехабилитација“ кај него откако го загуби Ромелу Лукаку оваа година.

Заха не е среќен на „Селхурст Парк“, не е тајна дека еден од најдобрите офанзивци во Премиерлигата посакуваше трансфер во Евертон минатиот месец, а за него интерес имаше пријавено и Арсенал, а сега прстот е вперен кон менаџерската компанија која веројатно е дека ќе остане без неговите услуги.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска е под договор со менаџерската компанија „УСМ“ до идното лето, како и да е, не се исклучува можноста да дојде до компензација помеѓу обете страни.