24фудбал

Објавата на Салах на социјалните мрежи која ги изнасмеа фановите (ВИДЕО)

Египјанецот веројатно на најдобар можен начин ги демантираше шпекулациите дека не е во најдобри односи со неговиот соиграч Садио Мане, објавувајќи видео со кое ги насмеа фановите.

Англија

Првата ѕвезда на европскиот првак Ливерпул, Мохамед Салах се најде на мета на критики поради ситуацијата во која беше себичен на мечот против Барнли, кога Мане беше видно вознемирен што не ја доби топката од него, иако имаше речиси чиста позиција за да постигне гол.

Египјанецот беше себичен во таа ситуација, а Мане реагираше бурно, тоа го стори и на клупата, а камерите ја уловија таа негова нервозна реакција по што се постави прашањето во какви односи се двајцата, сепак, веројатно нема дилеми дека тие се во најдобри односи, за што сведочи ова видео кое го објави Салах...