24фудбал

Во Манчестер си тераат добар мајтап со тимот на Солшер (ФОТО)

„Црвените ѓаволи“ денеска ќе имаат тешка задача на домашен терен против доста незгодниот Лестер кој новата сезона во Премиерлигата ја стартуваше на одличен начин.

Англија

Манчестер јунајтед новата сезона во Премиерлигата не ја почна според очекувањата, па така следеа нови разочарувања за навивачите на тимот од „Олд Трафорд“, дополнителен проблем е долгата листа на повредени фудбалери во пресрет на денешната пресметка со Лестер.

Освен тоа, од тоа што го гледаме, тимот на Оле Гунар Солшер стана и предмет за мајтапење во Манчестер, па така на една сообраќајна табла во Манчестер која нуди информации за подобар и поефикасен сообраќај, на некој начин „Црвените ѓаволи“ беа истролани до голема мера.

Трка за шестото место, Манчестер јунајтед против Лестер, денеска со почеток во 3 часот, „Олд Трафорд““ пишуваше на таблата, а Лестер сигурно нема да биде лесен залак за „Црвените ѓаволи“ денеска...