24фудбал

Ливерпул со пресврт до победа над Њукасл (ВИДЕО)

Фаворитот се мачеше во првото полувреме каде најпрво имаше негатива, но се врати во ритам во продолжението од средбата со три погодоци за нови три бода на своето салдо во Премиерлигата.

Англија

Ливерпул дојде победа од 3-1 во дуелот со Њукасл на домашен терен во рамките на петтото редовно коло во Премиерлигата, а гостинот прв дојде до предност на пресметката на „Енфилд“.

Вилемс уште во 7. минута со еден прекрасен гол навести изненадување против големиот фаворит донесувајќи го Њукасл во почетно водство од 0-1 уште во раната фаза од мечот, меѓутоа домаќинот брзо се разбуди.

Мане со два гола во серија, најнапред во 28. минута, а потоа и во 40. минута донесе пресврт за Ливерпул, а со голот на Салах во 72. минута беше поставен и конечниот резултат од 3-1 во корист на тимот на Јирген Клоп кој со максимални 15 бода е лидер во Премиерлигата во моментов.