24фудбал

Ултрасите на ПСЖ со порака до Нејмар: Се однесуваше понижувачки кон клубот, а сега...

Според најавите кои пристигнуваат, за што сведочеше и изјавата на Тухел во пресрет на денешната пресметка со Стразбур на домашен терен, веројатно е дека Нејмар ќе биде во комбинација за настап од првата минута, меѓутоа, извесно е дека Бразилецот ќе се соочи и со свирежи од гледалиштето.

Франција

Ултрасите на францускиот првак ПСЖ во отворено писмо, односно соопштение во јавноста, се одзваа по ситуацијата со  Нејмар, првата ѕвезда на тимот кој не криеше дека посакува да се врати во Барселона, се верува дека Бразилецот правел максимални напори ова лето да си замине од француската престолнина.

Во отвореното писмо навивачите на ПСЖ наведоа дека Нејмар се однесувал понижувачки кон клубот, тие признаваат дека станува збор за фудбалер од екстра класа, еден од најдобрите во неговата генерација, меѓутоа тоа за нив во моментов не е важно.

Од фудбалски аспект, Нејмар е еден од најдобрите фудбалери во неговата генерација, меѓутоа, тоа е далеку од тоа што за нас е важно денеска. Причината поради која ние го предупредуваме е тоа што се однесуваше непочитувачки кон нашиот клуб во одредени ситуации, дури истото однесување беше и понижувачко кон ПСЖ“ се вели во соопштението од страна на „Колектиф Ултрас Париз“.

Тој воведе една катастрофална стратегија во поглед на комуникацијата за да се обиде да издејствува да си замине од клубот и да се врати во Барселона, еден од нашите главни европски ривали, оставајќи ги неговите претставници да говорат во негово име, освен кога станува збор да зборува за неговите најдобри сеќавања од кариерата!“ додаваат во писмото, алудирајќи на неодамнешното интервју на Нејмар во кое тој посочи дека најдобриот момент од неговата кариера бил неверојатниот пресврт над ПСЖ со Барселона.

Во време кога тој не објави никакво официјално и јавно соопштение, без никакво извинување, тој ќе се врати на теренот на нашиот стадион, ние сме помалку скептични околу неговото играње оваа сезона во дресот на нашиот омилен клуб“ се вели во соопштението.

Групата каде се најверните навивачи на клубот, „Вирејџ Аутеул“, има обврска да покаже дека сите негови потези изминатиов период не можат да минат без консеквенција. Истовремено, ги повикуваме сите останати навивачи на клубот кој се чувствуваат повредено од некоја гледна точка по оваа тема, да му покажат дека тој нема повеќе право на грешка, а патот до помирувањето ќе биде многу долг. Отфрламе било каква можност да казнуваме цел тим поради еден фудбалер“ завршуваат во своето обраќање ултрасите на ПСЖ.

Нејмар беше веќе на „тапет“ кај ултрасите на францускиот првак кој отворено низ транспаренти му порачаа дека нема што да бара повеќе во нивниот омилен клуб.