24фудбал

Вардар без проблеми против Струга, гостите со празни раце ова коло

Вардар прокнижи нови три бода откако без многу проблеми со 3-0 триумфираше над Струга, Шкендија се радува на првата победа откако со истиот резултат ја доби пресметката со Работнички.

Македонија

Домаќините со 100% учинок во 5. коло од ПМФЛ, гостите со празни раце си заминаа од четири натпревари.

На арената „Тоше Проески“, Вардар немаше проблеми со Струга и ја забележа најубедливата победа оваа сезона. Откако мрежите мируваа во првото полувреме, Жунињо два пати погоди во продолжението а Најдовски ги постави конечните 3-0.

Со истиот резултат, Шкендија ја доби пресметката против Работнички и се радува на првата победа оваа сезона.

Македонија ЃП со 3-1 триумфираше против Борец, а Шкупи со минимална победа од 1-0 над Силекс ја заокружи доминацијата на домаќините која започна синоќа со славјето на Акаедмија Пандев против Ренова.

Фото: ФК Вардар