24фудбал

Одлична партија на Елмас против Сампдорија, Македонецот стартер во победата од 2-0 на Наполи (ВИДЕО)

Елиф Елмас беше стартер за Наполи во победата од 2-0 над Сампдорија, Македонецот на теренот помина 75 минути и пружи одлична партија.

Италија

Елиф Елмас за прв пат беше стартер во дресот на Наполи во меч од Серија А, Македонецот вечерва доби шанса од првата минута против Сампдорија.

Тој пружи одлична партија, доби неколку дуели на средината од теренот, ги проигруваше соиграчите а имаше две шанси за гол, кои за жал не ги искористи. Во првата прилика од убава позиција лошо ја закачи топката со лева и биеше крај стативата, додека во втората сам си направи простор со добар дриблинг но неговиот обид заврши директно во гостинскиот голман.

Наполи славеше со 2-0 со двата гола на Мертенс. Белгиецот го отвори резултатот во 13. минута на асистенција на Ди Лоренцо, а потоа во 67. минута од мечот по втор пат ја затресе мрежата на гостите.