24фудбал

Големо изненадување, шампионот Сити на колена пред десеткуваниот Норич (ВИДЕО)

Норич приреди сензација во 5. коло од Премиерлигата, вечерва го изненади шампионот Манчестер Сити со 3-2 и покрај тоа што имаше голем број на повредени фудбалери.

Англија

Повратникот во елитата имаше огромни проблеми во пресрет на дуелот со Манчестер Сити, дури 10 играчи беа повредени на клупата за резерви имаше двајца голмани за да се пополни место, па „граѓаните“ важеа за огромни фаворити.

Сепак, Норич приреди сензација и го фрли на колена актуелниот шампион. Резултатот беше отворен во 18. минута, Меклин скокна највисоко по еден корнери погоди за 1-0.

Десет минути подоцна веќе беше 2-0. По една одлична акција, Пуки го проигра осамениот Кантвел кој рутински реализираше. Пред крајот на првиот дел Агуеро намали на 2-1 и ги врати гостите во игра.

Сепак, на стартот од вториот дел, Стоунс и Отаменди катастрофално проиграа во последната линија а Пуки го претвори подарокот во водство од 3-1. Избраниците на Пеп Гвардиола потоа со сите сили нападнаа и успеаја само да постигнат гол во 88. минута со кој го ублажија поразот.