24фудбал

Најнискиот играч на теренот даде гол со глава за победа на Интер (ВИДЕО)

Интер запиша три нови бода и го продолжи перфектниот старт на новата сезона, тимот на Конте со минимални 1-0 го совлада Удинезе.

Италија

Интер ја забележа и третата победа во Серија А, Удинезе голем дел од мечот играше со фудбалер помалку, се носеше добро со фаворитот, но не успеа да си оди со бод од Милано.

Клучниот момент можеби беше оној во 35. минута кога поради удар на противнички играч без топка Де Паул доби директен црвен картон.

Пред крајот на првото полувреме по одличен центаршут на Годин, Сенси иако важи за низок фудбалер, даде гол со глава за водство на Интер од 1-0. Тоа беше и конечниот резултат.

Во вториот дел Интер имаше уште неколку солидни шанси за поголема победа, но не ги искористи.

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски остана на клупата за резервни фудбалери.