24фудбал

Барса со лекција за Валенсија, Фати и Суарез приредија шоу на Камп Ноу (ВИДЕО)

Барселона прикажа извонредна партија против Валенсија и ја доби пресметката со 5-2, младиот Ансу Фати и Луис Суарез приредија шоу на Камп Ноу.

Шпанија

„Каталонците“ се уште ја бараат формата на стартот од новата сезона и навивачите можат да бидат задоволни од она што го видоа вечерва. Барса и одржа лекција на Валенсија и триумфираше со 5-2.

Резултатот беше отворен веќе во 2. минута, Де Јонг испрати топка на 11 метри, Гризман паметно пропушти а 16 годишниот Ансу Фати биеше прецизно за 1-0. Пет минути подоцна, тинејџерот возврати и му асистираше на Де Јонг за гол првенец во дресот на Барса и 2-0.

Пред крајот на првиот дел, Валенсија се врати со голот на Гамеиро, но  по пет минути игра во продолжението, Пике се снајде извонредно пред противничкиот гол и ја врти предноста од два погодоци.

По еден час игра, Суарез погоди за 4-1 по неполна минута на теренот, а Уругваецот во 82. минута по втор пат ја затресе мрежата на Валенсија за 5-1. Во судиското надополнување, Гомез го постави конечниот резултат.