24фудбал

Гест кој растажи многумина: Суарез со посебна посвета за погодоците против Валенсија

Суарез се врати на терените откако се рехабилитираше од повредата, постигна два гола за Каталонците, а за истите имаше посвета која растажи многумина низ фудбалскиот свет.

Шпанија

Барселона синоќа славеше убедлива победа од 5-2 на домашен терен во дербито против Валенсија која немаше сили за изненадување на „Камп Ноу“.

Освен Фати кој имаше блескаво издание, расположен за игра беше и Суарез кој постигна два погодоци, а Уругваецот направи гест кој растажи многу лица со посветата на головите.

Суарез не ја заборави Чана, деветгодишната ќерка на поранешниот шеф на стручниот штаб на Барселона, Луис Енрике, која не успеа да ја добие битката против ракот и почина на 29. август, па токму за Чана беа посветени погодоците кои ги постигна Суарез. Инаку Чана одеше во исто училиште каде настава посетува и ќерката на Суарез.

Гестот на Суарез растажи многумина, а како за потсетување, Луис Енрике се повлече од селекторската позиција во Шпанија поради семејни причини за кои ја замоли јавноста да има мир по тоа прашање, односно да не се допира до неговата приватност.


Енрике своевремено упати јавна благодарност и до медиумите поради тоа што не ја нарушиле неговата приватност поради причините поради кои се повлече, а по одреден период јавноста беше шокирана од веста за неговата почината ќерка. Преубав гест кон Енрике имаше и сегашниот селектор на Шпанија, Морено, инаку негов довчерашен асистент, кој јавно го покани да се врати, а доколку постоела таква желба кај него, тој лично би се повлекол од функцијата.