Категорија: Италија 15.09.2019 14:55
Фиорентина му „отсече“ два бода на шампионот на Италија, Јувентус, откако вчера обете екипи ремизираа во меч без погодоци, а Пауло Дибала не доби ниту една минута прилика за настап од Маурицио Сари.
Братот на аргентинскиот фудбалер, како и негов претставник, Густаво Дибала упати саркастична порака до шефот на стручниот штаб на „Старата дама“ веднаш по мечот.
„Виолината не може да свири убава музика доколку недостасува жица“ напиша Густаво на социјалните мрежи, упатувајќи директна порака до Сари по неговата одлука да го изостави Аргентинецот.
Сепак, Дибала би можел во периодот кој претстои да добива поголема минутажа, и тоа најмногу поради тоа што Коста, Данило и Пјаниќ се повредени, а Дибала од поодамна е на излезна врата од Јувентус, клубот не успеа да се договори со Тотнем, Манчестер јунајтед и ПСЖ за негов трансфер во веќе изминатиот летен преоден рок, но, не се отфрла можноста тоа да се случи во јануари.