24фудбал

Пелегрини ја инспирираше Рома за „покер“ во првото полувреме, голчиште на Берарди од слободен удар (ВИДЕО)

Прва победа за Рома во новата сезона, „волчицата“ вечерва со 4-2 ја доби пресметката со Сасуоло и се радува на три бода.

Италија

Лоренцо Пелегрини ја инспирираше Рома за „покер“ во провото полувреме. Фудбалерот од средниот ред забележа три асистенции и помогна неговиот тим на пауза да замине до предност од 4-0.

Тој најпрво од корнер нафрли за 1-0 со голот на Кристанте. Џеко зголеми на 2-0 во 19. минута, а 180 секунди подоцна Мхитарјан погоди во своето деби на додавање на Пелегрини. Италијанецот потоа му асистираше и на Клајверт за 4-0 во 33. минута.

Во продолжението од мечот следуваше мало опуштање, Берарди постигна голчиште од слободен удар во 52. минута, а истиот играч во 73. минута ги постави конечните 4-2 и го ублажи поразот на Сасуоло.