24фудбал

Болоња инспирирана од Михајловиќ со пресврт ја победи Бреша, па играчите отидоа под прозор кај Синиша (ВИДЕО)

Фудбалерите на Болоња направија голем гест по мечот со Бреша, отидоа во болницата каде што е Михајловиќ и се поздравија со својот тренер.

Италија

Синиша Михајловиќ ја прима втората фаза од хемотерапијата и не може да присуствува на мечевите на Болоња, но со составот комуницира преку телефон.

Болоња со 3-1 губеше од Бреша, а на полувремето Михајловиќ преку телефон им оддржал инспиративен говор на играчите, по што тие излегоа на терен и го добија мечот со 4-3.

На патот кон дома, тимскиот автобус на Болоња застана кај болницата каде што е сместен Михајловиќ. Играчите отидоа под прозорот каде што е сместен Србинот и му пееа, тој ги поздрави.

Емотивни моменти за играчите и тренерот. А Болоња се уште не знае за пораз оваа сезона, тие имаат седум бода колку што има и Јувентус.