24фудбал

Клоп објасни зошто веќе не носи костум на натпреварите

Тренерот на Ливерпул, објаснува зошто веќе не носи костуми на мечевите на неговиот тим.

Англија

И покрај тоа што Ливерпул ја освои титулата во Лигата на шампионите, Клоп не носеше костуми.

Тој ги носел кога мислел дека било задолжително да биде облечен така, но кога видел дека не е престанал да се облекува така.

„Имам костум за свадби, погреби и доколку некој ми рече дека треба да облечам костум, во спротивно никогаш не би облекол. Да ја земеме за пример гала вечерта што ја организира Џејмс Милнер, некогаш носам одело, а некогаш смокинг“, вели Клоп.

„Ако сите други носат, не сакам јас да бидам кловн во групата. Каде што луѓето ќе покажуваат на мене и ќе викаат, ах то не носи костум“.

„Не се чувствувам комфорно во него. Од машната не можам да дишам правилно. Па не сакам да мислам пред натпреварот што ќе носам“.

„Навистина сум среќен кога економот ќе ми даде нешто што ќе го облечам веднаш и ќе излезам надвор. Понекогаш облекувам костум, но не го правам тоа на фудбалски меч“.

„Кога почнав во Лигата на шампионите носев бидејќи некој ми кажа дека тоа е должност, затоа“.

„Првиот пат кога видов дека друг тренер кој стои до мене не носи костум, престанав да носам и јас“.

„Не сакам да изгледам добро крај аут линијата, мојот тим треба да изгледа добро, тоа ми е главната цел“.