24фудбал

Обамејанг: Срамота е да примаме такви голови, чувствувам како да им подаруваме голови на противниците

Две победи, исто толку ремија и еден пораз е досегашниот биланс на тимот предводен од Унаи Емери во воведниот дел од новата сезона во Премиерлигата, меѓутоа одбраната дефинитивно не прогресира во никоја гледна точка.

Англија

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг јавно упати критика до начинот на кој тимот на „Топчиите“ се однесува во одбраната, меѓутоа не сакаше да обвини никого, а неговата изјава доаѓа по прокоцканото водство од 0-2 на гостувањето кај Ватфорд, по што Арсенал на крајот мораше да се задоволи само со реми од 2-2.

Токму Обамејанг ги постигна двата погодоци за Арсенал во првото полувреме, а во вториот дел од мечот следеа две грешки во одбраната кои му овозможија на Ватфорд да се врати на резултатски план, па дури и се отвори можност за целосен пресврт.

Не го очекувавме тоа, сепак, знаевме дека ќе се обидат да се вратат, токму и тоа го сторија во второто полувреме“ изјави Обамејанг.

Тажно, ние не бевме во можност да се справиме со нив добро, чувствувам како ние буквално да им ги подаруваме погодоците на противниците, од нас зависи дали ќе се подобриме во тоа поле на натпреварите“ додаде напаѓачот.

Не сакам да обвинувам никого, вие би можеле да кажете дека ние напаѓачите би можеле да го решиме мечот со тоа што би постигнале и трет погодок, така, јас не би навел за тоа чија е вината, меѓутоа, срамота е да примаме такви голови, можеби и повредата на Лаказет се рефлектира лошо во тимот, знаеме каков придонес има тој во екипата“ заклучи Обамејанг.