24фудбал

„Кога се буди е темно, кога се враќа од работа пак е темно“ - лошото време го става Клоп на два ума за нов договор

Советникот на Јирген Клоп, Марк Косицке сугерира дека Јирген Клоп би можел да си замине од Ливерпул поради лошото време на „островото“, i затоа преговорите за нов договор се на стенд бај.

Англија

Германецот е обврзан кон „црвените“ до 2022, раководството на Ливерпул уште сега сака да ја продолжи соработката со Јирген Клоп но тренерот во моментов одбива да седне на маса.

Неговиот советник, Марк Косицке во разговор со ДАЗН и Гол откри зошто преговорите се на стенд бај и сугерира дека стратегот би можел да замине од Ливерпул поради лошото време на „островото“.

„Договорот на Јиргент е со трајност до 2022 и јавна тајна е дека клубот сака да го продолжи. Но има време за тоа“ - вели Косицке.

„Лошото време во Англија не треба да се потценува. Ливерпул уште во ноември или декември побара да седнеме на маса, но јас кажав „Ајде да почекаме“. Ула (сопругата на Клоп) и Јирген кога ќе станат наутро е темно. Кога повторно ќе се видат попладне, пак е темно или е тмурно и роси“.

„За време на зимската пауза во Германија, доколку времето е навистина лошо, сите одат две недели на одмор, и кога ќе се вратат, веднаш летаат на тренинг камп во некоја сончева дестинација“.

„Во Англија, пак во овој период тренерите треба да се подготват за десетина натпревари, некогаш и за дури 13. Тие веќе се заморени и не им е лесно“.