24фудбал

Меси на располагање на Валверде за гостувањето кај Борусија Дортмунд

Утре стартуваат големите возбудувања од новата сезона во Лигата на шампионите, во Барселона позитивни вести околу враќањето на првата ѕвезда на тимот кој е на располагање на Валверде.

Лига на Шампиони

Барселона утревечер гостува кај Борусија Дортмунд во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а Каталонците освен „Милионерите“, за противници во конкуренцијата „Ф“ ги имаат уште и Интер и Славија Прага.

Лионел Меси би можел во Дортмунд да го забележи својот прв настап во новата сезона, а тој поради повреда претходно отсуствуваше во тимот, меѓутоа, на официјалниот сајт на клубот излезе потврда дека медицинскиот тим на Барселона дал зелено светло за враќање на Меси на терените.

Аргентинецот денеска тренираше со тимот, а воедно се најде и во составот на Ернесто Валверде за гостувањето во Германија, но, останува дилемата дали Меси ќе го почне мечот уште од првата минута.