24фудбал

Абрахам со порака до „ЕА Спортс“ по повод оценките кои ги има на „ФИФА“ (ФОТО)

Младиот напаѓач посебно има забелешка до една карактеристика во видео играта која стои зад неговото име, јавно ги прозва „ЕА Спортс“ тоа да го корегираат.

Англија

21 годишниот напаѓач на Челси, Тами Абрахам смета дека тој е многу побрз од оценките кои му се запишани од страна на „ЕА Спортс“ на „ФИФА 20“, па така тој испрати јасна порака на социјалните мрежи по тоа прашање.

Абрахам со седум погодоци во моментов е на делба на првото место на листата на стрелците во Премиерлигата по пет одиграни кола досега, а тој смета дека треба да добие подобри карактеристики на популарната видео игра.

ЕА Спортс, очекувам подобрување во поглед на темпото, ве молам“ напиша Абрахам на социјалните мрежи.

Посебна забелеша, младиот напаѓач има за брзината која му е запишана (74), за што јасно посочи дека сака подобрување, а тој не е единствениот кој се пожали изминатиов период на карактеристиките, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд се пожали на лошата оценка во поглед на додавањата, а Лестер објави дури и видео за да докаже дека нивниот Вес Морган е далеку подобар во темпото, од тоа што се гледа на играта.