24фудбал

Кутињо: Баерн Минхен е како едно семејство, среќен сум во овој клуб

Бразилецот во интервју за германски „Скај Спортс“ ги пренесе своите први впечатоци од неговиот досегашен престој во редовите на Баерн Минхен, а од неговите зборови можеме да утврдиме дека тој е среќен во тимот на „Баварците“.

Германија

Филипе Кутињо ова лето се пресели во редовите на Баерн Минхен каде сезонава ќе игра како позајмен фудбалер, а Бундеслигашот веројатно добро се организирал за пречекот на Бразилецот кој вели дека клубот е како едно семејство.

Уште во првите денови откако дојдов тука, тие ми ги покажаа сите објекти на клубот, ги запознав моите нови соиграчи, а секако имав и средба со тренерот“ изјави Бразилецот.

Секој ден се чувствувам се подобро, навистина сум среќен тука“ додава Кутињо кој потенцираше дека во клубот има до толку голема позитивна енергија, за што тврди дека Баерн Минхен наликува на едно семејство.

Сешто се случува тука, начинот на организација и слично, наликува на едно семејство. Знам нешто од тоа од времето кога бев во Ливерпул, но, тука, дури се чувствува дека ова е дури и нешто повеќе од семејство“ посочи Кутињо.