24фудбал

Монако размислува за промена на тренерот, може да му заштеди на Интер речиси 20 милиони евра

Медиумите од Франција пренесуваат дека Лучано Спалети би можел да го наследи Леонардо Жардим на кормилото на Монако, еден ваков потег ќе му спаси на Интер околу 18 милиони евра на име на плата.

Франција

Клубот од малото кнежевство лошо ја започна сезоната, има само два бода по пет кола, па раководството размислува за промена на тренерот. Медиумите шпекулираат дека Лучано Спалети би можел да го превзеде кормилото и да го наследи Леонардо Жардим.

Италијанецот се е уште е под договор со Интер откако во мај доби отказ, но клубот од „Џузепе Меаца“ сигурно нема да прави многу проблеми бидејќи ќе заштеди десетици милиони евра.

Лучано Спалети е обврзан кон „нероаѕурите“ до 2021 со нето плата од 4,5 милиони евра годишно, па кога ќе се направи пресметка, ова го чини Интер 18 милиони евра бруто. Доколку Монако плати и некое минимално обештетување, зделката може да донесе и позитива од 20 милиони евра за „црно-сините“ од Милано.