24фудбал

Солшер го постави Санчо како приоритетен на листата на желби

Сигурно на Манчестер јунајтед нема да му биде воопшто лесно во обидите да дојде до потписот на фудбалерот за кого интерес има и од други европски гиганти, меѓутоа, се чини дека Солшер е категоричен во својот избор.

Англија

Шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер побарал од клубот да направи максимум во обидите да се засили со фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо идното лето, пренесе „ЕСПН“.

„Црвените ѓаволи“ беа активни во летниот преоден рок, ги обезбедија потписите на Хари Мегваер од Лестер, односно Ван Бисака од Кристал Палас, а потпиша и Даниел Џејмс од Свонси, кој посебно се истакна во досегашниот дел од сезоната во Премиерлигата.

Манчестер јунајтед го напуштија Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, а во обид тимот да се засили уште повеќе по претходно наведените фудбалери кои дојдоа ова лето, Солшер во своите планови го запишал и името на Санчо, кој се наведува како една од потенцијалните наследници на дуото кое си замина.

Санчо е доста интересен за повеќето европски гиганти, за Англичанецот истовремено  интерес пријави и Јувентус, а освен Санчо, Манчестер јунајтед има нескриена желба да се засили и со фудбалерот на Лестер, Џејмс Мадисон.