24фудбал

Ливерпул ги советува своите навивачи да не ги носат клупските бои низ улиците на Неапол

Ливерпул ги предупредува своите фанови да седат внатре во хотелите во Неапол каде што се сместени и да избегнуваат да бидат облечени во клупските бои со цел да се избегнат инциденти со фановите на Наполи.

Лига на Шампиони

Во пресрет на денешниот натпревар меѓу Наполи и Ливерпул, англискиот тим има посебно соопштение до своите фанови кои се во Италија.

Се стравува дека може да има насилство меѓу двете навивачки групи поради лошото минато меѓу нив. Па Ливерпул излезе со посебни совети за своите фанови.

Клубот им порача на навивачите во пресрет на мечот да останат во своите хотели и таму да јадат и да пијат, да избегнуваат да ја носат клупската боја надвор од заштитената зона и да избегнуваат да се делат. Ги предупреди и дека можат да бидат мета на крадци и насилство.

Треба порано да влезат на стадионот, а ќе си заминат најрано еден час по последниот свиреж на судијата.

И полицијата во Неапол има посебни мерки во пресрет на натпреварот со цел да се избегнат инциденти меѓу навивачите на двата клуба.

Дали денот ќе биде мирен останува да видиме.


Новата сезона од Лигата на шампионите со 20 ЕУР бонус на БетАдриа!