24фудбал

Со само 19 години Елмас ќе дебитира во ЛШ, Наполи го пречекува европскиот шампион

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас денеска треба да го одигра својот прв натпревар во Лигата на шампионите, Наполи на Сан Паоло го пречекува Ливерпул.

Лига на Шампиони

Почнува новата сезона од Лигата на шампионите, еден од нашите претставници во неа е Елиф Елмас.

Наполи го пречекува актуелниот европски шампион Ливерпул, а Елмас треба да го има своето деби во Лигата на шампионите.

Македонскиот репрезентативец беше стартер во последниот меч на Наполи во Серија А и ги импресионираше сите.

Но, според најавите на италијанските медиуми тој денешниот меч против Ливерпул би требало да го почне од клупата за резерви.

Анчелоти ќе го врати Алан во првиот тим, а Елмас сигурно ќе добие шанса во вториот дел и ќе ги запише своите први минути во Лигата на шампионите.

Мечот меѓу Наполи и Ливерпул се игра на Сан Паоло со почеток од 20:45.


Новата сезона во Лигата на шампионите со 20 ЕУР бонус на БетАдриа!