24фудбал

Марка го смести Елмас помеѓу 10-те „анонимни“ таленти кои можат да блеснат во Лигата на шампиони (ФОТО)

Шпанскиот весник Марка состави листа од млади талентирани фудбалери кои се очекува да блеснат во Лигата на шампионите оваа сезона, место доби и македонскиот бисер Елиф Елмас.

Лига на Шампиони

Денеска започнува групната фаза од најелитното фудбалско натпреварување на стариот континент, 32 тима ќе се борат за „трофејот со уши“.

Во пресрет на новата сезона од Лигата на шампионите, Марка состави листа од млади фудбалери кои се очекува да блеснат. Весникот одбра 20 имиња и ги подели во две групи, оние првите се звучни имиња за кои слушнале најголемиот дел од фудбалските љубители, додека пак вторите се „аноними“ и не настапуваат за најголемите клубови ширум Европа.

На првиот список се играчи како Џејдон Санчо од Дортмунд, Жоао Феликс од Атлетико, Матајс де Лихт од Јувентус, Винисиус Жуниор од Реал Мадрид, Ансу Фати од Барселона, Каи Хаверц од Баер Леверкузен, Мејсон Маунт од Челси, Феран Торес од Валенсија, Фил Фоден од Манчестер Сити и Флорентино од Бенфика.

Новата сезона од Лигата на шампионите со 20 ЕУР бонус на БетАдриа

На вториот список, Марка го вметна и нашиот Елиф Елмас, кој ова лето направи богат трансфер во Наполи и за кратко време ги импресионираше сите во Италија со своите одлични настапи.

„Македонецот пристигна во Наполи ова лето од Фенербахче за 16 милиони евра. Може да игра во средниор ред, но и во нападот по крилните позиции. Тоа што знае да одработи неколку улоги, го прави многу комплетен играч. Одлично проигруав, дрибла, знае да повлече... а одличен е и во дефанзивните задачи. Минатата сезона во Турција постигна четири гола“ – пишува Марка за македонскиот бисер.

Покрај Елиф Елмас, во 10-те „анонимни“ таленти се најдоа и Дани Олмо од Динамо Загреб, Јанис Хаџи од Генк, Доменик Собослаи од РБ Салцбург, Ибрахима Конате од РБ Лајпциг, Лисандро Мартинез од Ајакс, Фил Фоуден од Шахтар, Ерлинг Браут Халанд од РБ Салцбург, Оливер Скип од Тотнем и Алекс Мерет од Наполи.