24фудбал

Игуаин збесна по „мајтапот“ од неговите соиграчи за време на шева (ВИДЕО)

Аргентинецот мораше да биде смируван откако ги загуби нервите за време на шева во тимот на Јувентус кој утре гостува кај Атлетико Мадрид во првото коло од Лигата на шампионите.

Италија

Денеска стартуваат големите возбудувања во новата сезона од Лигата на шампионите, а италијанскиот првак Јувентус стартува со гостувањето кај Атлетико Мадрид, тој меч се игра утревечер, а од тренингот на „Старата дама“ ни пристигнува едно доста интересно видео.

За време на популарната шева, Гонзало Игуаин доби добар „мајтап“ од своите колеги кои си поигруваа со него, тој брзо ги загуби нервите по што за момент „настрада“ рекламното пано, а со повреда можеше да се здобие и еден од помошниците на Маурицио Сари.