24фудбал

Нови проблеми за Гвардиола, Стоунс ќе отсуствува четири до пет седмици

Пеп Гвардиола потврди дека Стоунс ќе отсуствува четири до пет седмици, а тој веќе се соочува со сериозни проблеми во тимот, особено во дефанзивната линија каде впечатокот е дека има голема дупка која противниците вешто ја користат.

Англија

Шампионот на Англија, Манчестер Сити се соочува со голема криза со повредени фудбалери, а последен кој влезе на таа листа е дефанзивецот Џон Стоунс.

Според зборовите на шефот на стручниот штаб на „Граѓаните“, во неговата изјава во пресрет на утрешниот меч со Шахтер во Лигата на шампионите, Стоунс ќе отсуствува четири до пед седмици, а повредата Стоунс ја добил за време на тренинг.

Со Ејмерик Лапорт на листата на повредени, Манчестер Сити се соочува со големи проблеми во дефанзивниот ред, проблем кој се покажа како голем и на гостувањето кај Норвич каде „Граѓаните“ загубија , а Николас Отаменди е единствената опција на Гвардиола за левата страна од централната стоперска позиција.

Отаменди на големо разочара со своите настапи досега, а очекувањата се Фернандињо да биде „џокерот“ кој Гвардиола ќе мора да го искористи на позицијата на Стоунс.

Ливерпул веќе има пет бода предност во однос на Манчестер Сити во битката за титулата во Премиерлигата, а сигурно дека Пеп Гвардиола очајно посакува засилување во одбраната, се верува дека прв избор е Милан Шкринијар од Интер.