24фудбал

ЛШ: Почетни состави за дуелите Интер – Славија Прага, Лион - Зенит (ФОТО)

Денеска стартуваат големите возбудувања од новата сезона во Лигата на шампионите, во терминот од 18,55 часот ќе проследиме две пресметки, а останатите натпревари за денеска се предвидени да почнат со почеток од 21,00 часот.

Лига на Шампиони

Интер се врати во Лигата на шампионите, а за фановите на „Нероаѕурите“ сигурно тоа е голем успех во обидот да се врати тимот на старите победнички патеки, сезонава со Антонио Конте на клупата, како и мега засилувањата Алексис Санчез и Ромелу Лукаку, Интер сигурно делува амбициозно, за што сведочи и импресивниот старт во новата сезона од Серија А со максимални три победи досега.

Славија Прага ќе си има мака во  Милано против домаќинот кој сигурно гори од желбата да се докаже, а веќе се познати и почетните состави за првите две пресметки за денеска, каде освен дуелот Интер – Славија Прага, во ист термин се игра и пресметката помеѓу Лион и Зенит.

Интер ќе напаѓа со Лукаку и Мартинез, а место во почетните 11 за „Нероаѕурите“ немаше за  Санчез кој ќе почне од клупата за резерви.


Интересно ќе биде во Франција каде Лион на домашен терен го пречекува Зенит, домаќинот ќе игра со тројца напаѓачи, а најголемата опасност кон голот на гостите треба да доаѓа од Депај, Дембеле и Траоре. Гостите пак, ќе напаѓаат со Ѕјуба и Азмун.