24фудбал

Полувреме, ЛШ: Интер се мачи против Славија Прага, Зенит води кај Лион (ВИДЕО)

Постигнат е првиот гол во новата сезона од Лигата на шампионите, помалку изненадувачки, Зенит води на гостувањето кај Лион, а Интер засега не ја оправдува фаворитската улога во дуелот против Славија Прага пред своја публика.

Лига на Шампиони

Интер има мини-доминација над Славија Прага, меѓутоа „Нероаѕурите“ можат да бидат истовремено и задоволни што имаат нерешен резултат без погодоци по првото полувреме на пресметката во Милано.

Статистиката му укажува блага предност на Интер од првото полувреме, но и Славија Прага имаше свои моменти во првите 45 минути игра, а првата шанса домаќинот ја имаше преку Де Вриј кој биеше опасно со глава во 12. минута, неговиот обид заврши близу крај пречката, а само четири минути подоцна Мартинез исто така имаше прилика да постигне гол за „Нероаѕурите“, но, тој биеше близу десниот дирек.

Малку недостасуваше домаќинот да дојде до водство во 23. минута по ударот на ДАмбросио, меѓутоа неговиот обид на фантастичен начин го одбрани голманот на гостите Колар.

Мини-изненадување во Франција, таму Лион губи пред своја публика од Зенит, кој со голот на Азмун во 41. минута замина со минимална предност на паузата од таа пресметка.

Речиси израмнет меч следиме во Франција, за што потврдува и самата статистика, првото полувреме помина без некоја посериозна прилика за гол, освен голот на Азмун, Дембеле имаше обид во 23. минута да донесе радост за домаќините меѓутоа неговиот обид беше непрецизен, а освен оваа прилика и постигнатиот гол, не бележиме ништо посериозно.