24фудбал

Почетни состави: Анчелоти и Клоп ги отворија картите за дербито на вечерта, Елмас на клупа (ФОТО)

По двата меча од терминот 18,55, во 21,00 часот се играат уште шест натпревари во првото воведно коло од новата сезона во Лигата на шампионите, две дерби пресметки за вечерва.

Лига на Шампиони

Дербито на вечерта несомнено се игра во Неапол, каде Наполи на домашен терен го пречекува бранителот на европската титула, Ливерпул, кому сигурно нема да му биде лесно на гостувањето кај италијанскиот вицепрвак.

Судејќи според формациската поставеност на обете екипи, сигурно дека ќе очекуваме офанзивна игра на обете страни, Анчелоти се реши за формација 4-4-2, а во нападот ќе играат Мертенс и големото засилување ова лето Лозано. Нашиот репрезентативец Елиф Елмас мечот во  Неапол ќе го почне од клупата за резервни фудбалери.

На спротивната страна, Клоп се реши за супер офанзивна формациска поставеност од 4-3-3, па иако Робертсон беше неизвесен, сепак тој се најде во почетниот состав, каде во нападот голови ќе се очекува од Салах, Фирмино и Мане.


Интересно секако ќе биде и на пресметката помеѓу Борусија Дортмунд и Барселона, гостите дефинитивно нема да го имаат на располагање Меси од првата минута, Аргентинецот ќе почне од клупата за резерви.

Валверде се реши повторно да му укаже голема прилика за докажување за суперталентираниот Фати кој ќе почне уште од првата минута, а ќе биде дел од триото во нападот на Каталонците составено уште и од Суарез и Гризман.

Кај домаќинот голови ќе се очекуваат најмногу од деветката Алкасер, кој ќе има поддршка од Ројс кој ќе игра веднаш зад него, барем според формациската поставеност која можеме да ја видиме на „УЕФА“.

Еве ги почетните состави и за останатите натпревари...


Ајакс – Лил


Бенфика – Лајпциг


Челси – Валенсија


Салцбург – Генк