24фудбал

По лошиот старт на сезоната Осогово раскина со тренерот Андов

Александар Андов веќе не е тренер на ФК Осогово, причина е лошиот старт на сезоната во кој тимот има четири порази од четири натпревари.

Македонија

Целта на Осогово е да остане во втората лига по крајот на сезоната, но стартот е лош, па промените се чини дека беа неопходни.

„Раководството на ГФК Осогово и тренерот на првиот тим Александар Андов ја раскинаа досегашната соработката откако досегашниот тренер на тимот си поднесе оставка поради слабиот старт на сезоната по првите 4 кола.

Младиот и перспективен тренер Александар Андов ја предводеше екипата и претходната сезона во која постигна задоволителен резултат и со нашиот тим успеа да се пласира од трета во втора лига исток, но после 4 порази едно по друго во почетокот на сезоната во 2 МФЛ исток, доблест на секој голем тренер и човек е да ги сноси последиците од негативниот период на тимот и тоа е најдобро прифатливо решение за двете страни.

Клубот и раководството на ГФК Осогово му се заблагодаруваат на тренерот Андов за досегашната работа и му посакува успех во животот и кариерата на спортски план. Вратите на клубот и стадионот Никола Мантов ќе бидат секогаш отворени за него и во иднина со цел: соработка и јакнење на заеднички интереси во спортска и професионална перспектива.

В.Д. тренер на нашиот тим се до назначување на нов шеф на стручен штаб ќе биде досегашниот помошник тренер Кире Георгиев“, стои во соопштението на Осогово.