24фудбал

Роналдо не ја заборава добрината, ги бара девојките од Мекдоналдс кои му давале бесплатни хамбургери

Кристијано Роналдо побара помош да ги пронајде девојките од Мекдоналдс кои му давале бесплатни хамбургери кога тој бил дел од академијата на Спортинг и немал пари да си купи храна.

Останато

ЦР7 во моментов можеби има многу пари и веројатно е најбогатиот фудбалер во светот, но не ги заборава тешките моменти кои ги поминал и добрината која одредени луѓе ја покажале.

Во интервјуто со Пирс Морган за ИТВ, Кристијано Роналдо се потсети на времето кога бил дел од акедемијата на Спортинг и немал пари за храна. Тој раскажа како вработени од блискиот ресторан на Мекдоналдс им испраќале остатоци од храна, и побара помош да ги пронајде девојките за да им се заблагодари.

„Имав 12 години и немав пари. Живеев со други момчиња на моја возраст од различни краеви на Португалија. Беше тешко, го немав семејството покрај мене. Се сеќевам дека имаше Мекдоналдс во близина, ги нарачувавме остатоците од хамбургерите. Имаше една жена по има Една и две други девојки кои секогаш ни даваа храна“ – вели Кристијано Роналдо.

„Се надевам дека ова интервју ќе ми помогне да ги пронајдам. Сакам да ги поканам на вечера во Торино или Лисабон, и малку да им вратам за она што тие го правеа за мене. Никогаш не сум заборавил“.