24фудбал

Анчелоти до Клоп: Не грижи се, доколку загубиш тука...

Искусниот италијански фудбалски стратег имал интересно уверување до неговиот ривал од спротивниот табор во Лигата на шампионите, повторно го доби „дуелот“ со него, но, се потсетува на еден доста интересен податок за Ливерпул од лани.

Лига на Шампиони

Шефот на стручниот штаб на Наполи, Карло Анчелоти се пошегува со својот колега од ривалот во Лигата на шампионите, Ливерпул, Јирген Клоп, уверувајќи го Германецот дека обично тој го освојува тоа натпреварување откако ќе загуби од Наполи.

Наполи синоќа славеше со 2-0 пред своја публика против европскиот првак благодарение на погодоците на Мертенс и Љоренте, а во ланската сезона, во идентичен период Наполи беше подобар од „Редсите“ откако триумфираше минимално во групната фаза.

Ливерпул лани ја освои Лигата на шампионите, а Анчелоти го потсетил Клоп за претходно наведеното веднаш по мечот.

Му реков да не се грижи, бидејќи, доколку загуби тука, тој ќе има тенденција да ја освои Лигата на шампионите, го уверив во тоа“ рече Анчелоти.

Секогаш е тешко против Ливерпул, од првата до последната минута, ние се жртвувавме себе си, меѓутоа не го загубивме нашиот идентитет, многу е убаво кога гледате дека некој верува во себе и сопствените квалитети, навистина ми се допадна како го одигравме мечот во моментите кога немавме целосна контрола на теренот“ додаде искусниот италијански фудбалски стратег.