24фудбал

Во Минхен врие од „Делии“, а српските медиуми „уловија“ и згодни полицајки кои се грижат за редот и мирот (ФОТО)

Баерн Минхен е голем фаворит во дуелот против Црвена звезда, која од претходно покажа и докажа дека знае како против гиганти, освен тоа, српскиот првак ќе има поддршка од околу 1000 навивачи на трибините.

Лига на Шампиони

Вечерва на „Алијанц“ арената во Минхен, Баерн на домашен терен го пречекува тимот на Црвена звезда, меч во рамките на првото коло од групата „Б“ во Лигата на шампионите, каде освен тој меч, се игра и дуелот помеѓу Олимпијакос и Тотнем.

Минхен е преплавен со навивачи на Црвена звезда, или популарните „Делии“, ги има во голем број, а српскиот првак ќе има голема поддршка од гледалиштето вечерва, пренесувајќи ја атмосферата од Минхен, српските медиуми пренесоа и згодните германски полицајки кои се грижат за редот и мирот...


kurir.rs

Полицијата во Минхен е во добра мера пополнета со припаднички на поубавиот пол, тоа можеше да се види во текот на денот кога полицијата во голем број излезе во центарот на градот каде навивачите на Црвена звезда го поминуваат своето слободно време пред мечот, речиси на секој чекор може да се види барем една припадничка на поубавиот пол во униформа“ пишува српски „Курир“.


informer.rs

Еве и дел од атмосферата во Минхен во пресрет на натпреварот...