24фудбал

Вардар со цел плен се враќа од Чаир

Вардар со 2-1 победи на гостувањето кај Шкупи и се искачи на втората позиција на табелата, гостински триумф обезбеди и Шкендија која славеше против Ренова, само бод за Академија Пандев од Струга.

Македонија

Вардар ја продолжи победничката серија, денеска го забележа четвртиот триумф по ред и тоа на тешкото гостување кај градскиот ривал Шкупи.

Црвено-црните поведоа уште во 11. минута убав гол на Цветановски, топката не ја затресе мрежата но ја мина гол линијата.

По 15 минути игра во вториот дел резултатот беше 0-2, Мицевски од пенал го зголеми водството.

Во 71. минута Исени погоди, намали на 2-1 и го врати Шкупи во игра, но Чаирчани не успеаа и да се спасат од пораз иако имаа една добра шанса за тоа која Гачевски ја скроти.

Вардарци можеа да слават и поубедливо, но контрите кои ги направија не ги реализираа иако влегуваа во идеални позиции.

Со овие три бода Вардар се искачи на втората позиција со само бод зад Академија Пандев која одигра без голови на гостувањето кај Струга ТЛ.

Вардарци дојдоа до второто место благодарение на поразот на Македонија Ѓорче Петров која со 1-0 загуби кај Работнички, Марковиќ го постигна единствениот гол на мечот.

Шкендија по тренерската смена врза две победи, денеска славеше со 2-0 против Ренова, и двата погодоци беа постигнати во финишот. Алими погоди во 86., Бесарт Ибраими во 92. минута.

Силекс со убедливи 3-0 го совлада Борец во Кратово, Серафимовски, Костовски и Ивановски беа стрелци на головите.

Табела по 6. кола:

1. Академија Пандев 14

2. Вардар 13

3. Македонија ЃП 11

4. Шкупи 8

5. Струга ТЛ 8

6. Шкендија 7

7. Ренова 7

8. Силекс 6

9. Работнички 6

10. Борец 4


Фото: ФК Вардар