24фудбал

Симеоне: Тешко е да се подготвите за дуел против фудбалер кој е како животно опасен кон вашиот гол

Шефот на стручниот штаб добро се сеќава на ланското перфектно издание на Роналдо кој речиси сам го елиминираше шпанскиот прволигаш, кој иако имаше одлична предност од првиот меч, беше „потопен“ во Торино.

Лига на Шампиони

Атлетико Мадрид и Јувентус вечерва ќе ги одмерат силите во првото коло од Лигата на шампионите, „Јорганџиите“ сигурно ќе посакуваат реванш против стариот должник од ланската сезона кога беа елиминирани во осминафиналето во ова натпреварување.

Роналдо тогаш постигна хет-трик во реваншот во Торино, па и покрај победата од 2-0 на домашен терен, Атлетико во реваншот беше поразен со 3-0, а Диего Симеоне, знаејќи од каде доаѓа најголемата опасност, не криеше комплименти за првата ѕвезда на италијанскиот првак.

Тешко е да се подготвите за дуел со фудбалер од типот на Кристијано, тој е животно пред голот, има неверојатен учинок досега и секогаш е тешко да се контролира таков фудбалер во било која ситуација каде има можност да погоди“ изјави Симеоне.

Тој направи да страдаме во минатото, но понекогаш е на нас редот да загубиме или да победиме, мораме да му се спротиставиме на Јувентус со надеж и да прикажеме одлични перформанси“ додаде шефот на стручниот штаб на „Јорганџиите“.