24фудбал

Чави има големи очекувања од Стерлинг: Тој може да биде број еден во светот по Меси и Роналдо

Еден од најдобрите фудбалери во средината на теренот на сите времиња, Чави, смета дека Стерлинг може да ги наследи Меси и Роналдо на врвот од светскиот фудбал.

Англија

Легендата на Барселона, Чави го пофали Рахем Стерлинг од Манчестер Сити поради тоа што Англичанецот според него води во трката кој фудбалер ќе ги замени Лионел Меси и Кристијано Роналдо како најдобар фудбалер во светот.

Меси и Роналдо доминираа во наградите за најдобар фудбалер на светот многу години наназад, тешко е да се памети период пред нив, Меси е најдобриот на сите времиња, но, тоа е мој став, иако игра на високо ниво подолг период заедно со Роналдо, брзо ќе дојде времето кога некој ќе мора да направи исчекор во однос на нив“ изјави Чави кој додаде и листа со четворица кандидати.

Да ги погледнеме помладите фудбалери кои можат да бидат крунисани во иднина за најдобри во светот, тука се Нејмар, Мбапе, Салах, и секако Стерлинг, сметам дека Стерлинг веќе води во таа трка, секогаш е добар, опасен фудбалер, но, под водство на Пеп Гвардиола тој стана еден од најдобрите во светот“ посочи тој, наведувајќи дека токму во Стерлинг гледа прва фудбалска ѕвезда во светот во периодот кој претстои, односно, после Меси и Роналдо.

Знам како работи Пеп, тој работи мошне близу до Стерлинг од периодот кога се заедно, убеден сум дека знае точно каде тој треба да се развива и на кое поле да работи. Сега го гледаме резултатот од таа работа, тој се уште е млад, но, може да биде најдобриот во светот“ заклучи легендарниот Чави.