24фудбал

Линделоф потпиша нов долгогодишен договор со Манчестер јунајтед

Премиерлигашот се договори на повеќегодишна соработка со својот стандарден дефанзивец кој засега има одлично партнерство со големото засилување Хари Мегваер во одбраната.

Англија

Виктор Линделоф ја продолжи соработката со Манчестер јунајтед откако денеска стави потпис на нов договор, со кој се обврза на верност со клубот до 2024. година, а во истиот има опција за дополнителни 12 месеци.

25 годишниот шведски дефанзивец веќе е стандарден член на „Црвените ѓаволи“ по трансферот во таа екипа во 2017. година, во првата сезона реализираше само 17 настапи под кормилото на Жозе Мурињо, меѓутоа минатата година забележа 30 настапи како стартер во редовите на Премиерлигашот.

Чест е да се игра за еден ваков голем клуб, сигурно ќе имаме уште многу заеднички години, мојата иднина е само црвена“ рече Швеѓанецот.

Линделоф ги одигра сите натпревари во новата сезона од Премиерлигата, а забележа и два меча без пример гол, засега има одлично партнерство со големото засилување ова лето Хари Мегваер.